На 62. Меѓународен белградски Саем на книгата, на штандот од белградското книгоиздателство “Албатрос плус“ само што се појави српскиот превод на романот „Зад аголот“ на Томислав Османли.
„Зад аголот“ за прв пат е објавен во декември 2012 година, во издание на „Магор“ од Скопје.
Со деветте книжевни текови што ги следи и преплетува, со патувањето низ времето и низ светските пространства, и со педесет и петте ликови кои авторот во него сугестивно ги анимира, тој носи оригинална и сложена романскна структура со која го сврте вниманието и на домашната книжевна критика и теорија.
“ ‘Зад аголот’ е роман за бројните човечки души во севозможни временски и просторни преселби кои, патувајќи без ред и поредок, стануваат учесници во незавршената трагикомична драма од ‘последниот чин’ на минатиот век. “
По меѓународниот успех на наградениот роман „Дваесет и првиот“ второт романескно дело на Томислав Османли сега го пробива својот пат и на тој простор. Со оглед дека спомнатиот роман за своја фокусна точка ја има првата година на новиот век и милениум, а „Зад аголот“ последнат година од претходното столетие, двата романа, и со оглед на стилот и на раскажувачкиот пристап, имаат последоватлена поврзаност. Така, романот „Зад аголот“ , на извесен начин, се доживува и како прв дел од “Дваесет и првиот”, претходната прозна книга на истиот автор. Оттука, забележува Османли во својот текст кон српското издание, негов втор наслов може да биде и – на крајот од Дваесеттиот.