На 8. јули и во Атина протест за одбрана на „Македонија“

Сподели

По денешните протести низ северна Грција, протест за одбрана на името „Македонија“ ќе има и во Атина, на централниот плоштад Синтагма, на 8 јули, само неколку дена пред самитот на НАТО.

Протестот во Атина, како што пишува весникот „Прототема“ го организира Здружението за заштита на правата на Власите кои зборуваат грчки (Влахофоните) во Македонија и Здружението за заштита на Хеленска Македонија. Двете здруженија ги повикуваат граѓаните да порачаат дека не може да се преговара за грчкиот карактер на Македонија и дека „Македонија е една и единствено грчка“.

Од двете здруженија уште додаваат дека за вакво сериозно прашање, како што е името на соседната земја, треба да се прашаат грчките граѓани, и тоа не само оние што живеат во земјата, туку и грчките иселеници.

Оттаму се закануваат дека ако грчкиот Парламент го усвои договорот за решавање на името, надвор ќе бидат граѓаните со порака дека „нивното име е нивна приказна“.