На Камчев и Панделески им е одреден домашен притвор

Сподели

Апелациониот суд Скопје денеска им го укина притворот на бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски, осомничени во случајот Империја на СЈО, и им определи домашен притвор.

Камчев и Панделевски се наоѓаат во затвор и очекуваат да ги примат правосилните решенија на судот.

Претходно, од СЈО потврдија дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор.