Меѓународната кризна група (МКГ) на својата најнова листа ја стави Македонија во групата на земји каде што состојбата се влошува и е на работ на конфликт.
Според МКГ, политичката криза во Македонија се заострува, што предизвика домашна и меѓународна критика и повеќедневни протести. Притоа, се посочуваат низа настани кои придонесоа за влошување на безбедносната состојба, почнувајќи од одлуката на опозицијата за бојкот на изборите на 5 јуни, аболицијата на претседателот Иванов на политичари замешани во криминални афери, попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство, извештајот на “Фридом хаус” за новинарските неслободи, масовните протести па, заклучно со смртта на сведокот Коста Крпач, застрелан во својот дом под сомнителни околности.