Фондот за здравствено осогурување се враќа на стариот концепт и со него ќе раководи еден директор и ќе има заменик директор, изјави директорот на ФЗО, Сашо Клековски. Притоа, ги наведе и следните промени:
“Усвоени законски измени по иницијатива на Фондот – повеќе права и подобар пристап до здравствени услуги:
Главна новина: Биомедицинско потпомогнато оплодување БПО(Ин- витро)
• БПО е вклучено во основниот пакет на здравствени услуги
• Наместо 3 – од сега 6 обиди на товар на Фондот (без партиципација)
• Со добро менаџирање и организација, се скрати рокот за одлучување – од 3 месеци на 2 недели
• Дигитализирана и поедноставена постапка -Е ваучер
Во 2024:
• 1.495 барања за БПО (1.280 за прво дете)
• 89,5 милиони денари исплатени за 1.106 реализирани обиди
Следни чекори:
• Финансиска поддршка за криопрезервација
• Национална банка за репродуктивен материјал
Олеснето лекување во странство
• Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена
• Второстепената комисија решава само по жалби
• Во 2024: 273 одобрени лекувања за 488 милиони денари,
Нов модел на управување со Фондот
• Се враќа концептот на еден директор и еден заменик-директор
-Изедначени права од здравствено осигурување за странци со регулиран престој во нашата земја
-Жалбената постапка преминува во надлежност на Државната комисија за одлучување од втор степен.”
