Најмалку 24 лица загинаа, а 53 се повредени во нападот врз учесниците и гледачите на воена парада во југозападниот ирански град Аваз.
Во нападот се повредени најмалку 53 лица, вклучувајќи и жена и дете. Ранетите се во критична состојба.
Локалните медиуми информираат дека две лица отвориле оган и тоа прво кон гледачите и војниците, а потоа се обиделе да стрелаат кон гостите на официјалната трибина, но биле неутрализирани од страна на силите на редот. Се претпоставува дека притоа напаѓачите се повредени.
Напаѓачите дошле со мотоцикл и биле со униформи со каки боја, наведуваат американските медиуми.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, извршен на денот кога Иран ги празнува своите вооружени сили.