Каспер Руд е елиминиран во четвртфиналето на ATP турнирот во Сеул, па затоа во понеделник ќе има промени на АТП листата.
Руд ја брани титулата во Јужна Кореја, а само нова ќе му обезбедеше опстанок на второто место.
Па така сега на негово место, веднаш зад Карлос Алкараз од следната недела ќе биде Рафаел Надал, кој напредуваше и покрај тоа што не играше од УС Опен.
„Бикот од Мајорка“ ќе има 5.810 бодови, а Руд 5.645 бодови. Алкараз ќе остане на чело со 6.740 бодови.
За прв пат во овој век, двајца играчи од иста земја ќе ги држат првите две места на АТП листата.
Последен пат тоа се случи на 7 август 2000 година, кога Американците Андре Агаси и Пит Сампрас беа на врвот.
Сепак, Руд веќе го обезбеди своето место на завршниот Мастерс кој ќе се игра во Торино од 14 до 21 ноември.
The post Надал не игра, а напредува на АТП листата – Ова никој неможе да го разбере! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico