Награда „Пегаз“ и промоција на „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Сподели

Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература, проф. д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде уредничката и писателка Оливера Ќорвезироска. 

Наградата „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.