По повод стогодишницата од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, на Државниот архив му е доделена награда за долгогодишен и исклучителен придонес за развојот на наставата и науката на овој факултет, во чии рамки е и Катедрата по историја и архивистика.
Наградата ја прими директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.