Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му додели признание и парична награда на Сердар Цветков од средното училиште на град Скопје „Михајло Пупин“, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар кој традиционално секоја година се одржува во Калифорнија, САД. Овој успех е уште една потврда за талентот на нашите средношколци и на квалитетот на наставниот кадар кој вложува за подигнување на дигиталната писменост кај младите во Скопје.
Во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји на најголемиот глобален натпревар за дигитална писменост, нашите млади таленти покажаа дека Македонија има со што да се гордее. Учеството на македонскиот тим беше овозможено благодарение на Семос едукација, со поддршка од Град Скопје и ЦертАдриа.
Горди сме што имавме можност да ги поддржиме нашите млади таленти на нивниот пат и активностите со кои обезбедија одлични резултати и светски успеси.