“Ми претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфалија и Липе за доделувањето на престижната меѓународна мировна награда на Вестфалија. Наградата не е значајна само за мене како поранешен премиер на Република Северна Македонија.
Таа е значајна затоа што ги потврдува заложбите на прогресивните и европски политики кои градат траен мир. Значајна е за сите луѓе во Северна Македонија и во Грција кои градат пријателски и добрососедски односи базирани на меѓусебна почит и разбирање.
Нека оваа награда биде стимул за сите оние кои носат сериозни одлуки и за идните генерации дека не постои конфликт кој не може да се реши низ дијалог и пријателство” – напиша Зоран Заев на својот фб профил, по повод добивањето на меѓународната Мировна наградаев.