Градоначалничката Данела Арсовска, денеска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино Фросина, МКЦ.
– Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме успешни идни професионалци и пример за идните генерации средношколци – им порача Арсовска на првенците на доделувањето на наградите.
Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:
Мила Јаневска – СУГС „Панче Арсовски“
Матеј Петревски – СУГС „Васил Антевски – Дрен“
Ана Јаневска – СУГС „Димитар Влахов“
Марија Мицевска – СУГС „Димитар Влахов“
Ангела Сибиновска – СУГС „Јосип Броз -Тито“
Јована Трајановска – СУГС „Владо Тасевски“
Миа Шутева – СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“
Филип Бојаџиевски – СУГС „Орце Николов“
Ефра Емини – СУГС „Марија Кири – Склодовска“
Кристијан Зафировски – СУГС „Марија Кири – Склодовска“
Ана Даневска – СУГС „Д-р Панче Караѓозов“
Даниела Павловска – СУГС „Браќа Миладиновци“
Лука Чарапиќ – СУГС „Георги Димитров“
Фросина Тодорова – СУГС „Георги Димитров“
Ендрит Шаќири – СУГС „Зеф Љуш Марку“
Никола Рисафов – СУГС „Боро Петрушевски“
Јане Јанкулоски – СУГС „Боро Петрушевски“
Леон Али – СУГС „Шаип Јусуф“
Фатиме Красниќ – СУГС „Шаип Јусуф“
Исра Реџепи – СУГС „Арсени Јовков“
Андреј Петковски – СУГС „Никола Карев“
Беким Хашани – СУГС „8-ми Септември“
Никола Мирковски – СУГС „Лазар Танев“
Дамјан Цветановски – СУГС „Лазар Танев“
Јован Колевски – СУГС „Михајло Пупин“
Дарија Дамевска Идриз – СУГС „Здравко Цветковски“
Никола Дивјак – СУГС „Кочо Рацин“
Зерина Чупи – СУГС „Цветан Димов“
Исра Љоки – СУГС „Сарај“
Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, која го поддржува образованието, неговата моќ и стремежот за создавање млади креативци со кои Скопје ќе има поубава иднина, е под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.