36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“

Сподели

 

По покана од Сојуз на пронаоѓачи од Белград, Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАПМ/NAIM) ја имаше честа да ја отвори 36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, Република Србија. Церемонијата на отварањето ја изврши Претседателот на NAIM, Мирко Узелац.

 

 

Меѓународната изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, која се одржа од 1 до 3 јуни 2021, беше во организација на Сојузот на пронаоѓачи од Белград. На изложбата, која се одржа „во живо“ во Етнографскиот музеј во Белград, пред многубројната публика свои иновации изложија пронаоѓачи од 15 земји, меѓу кои и од Македонија.

 

 

Во силна конкуренција, македонските пронаоѓачи освоија вредни награди од страна на Стручното жири. Во Стручното жири учествуваше и македонскиот претставник – Слободанка Трајковска, од Државниот завод за индустриска сопственост.

Награди добија:

Д-р Драган Јованов – Златен медал

Борис Дескоски – Златен медал

Живка Николова – Димитриевска – Златен медал

Михаил Арсовски – Златен медал

Ирена Димитриевска – Сребрен медал

Владимир Филевски – специјална награда за посебен придонес за развој на пронаоѓаштвото – Златен медал, од Руската железничка асоцијација.

На свечената промоција организирана од NAIM, одржана во „Зелениот покрив“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ („Домот на градежниците“), наградите на пронаоѓачите им ги врачи Мирко Узелац, претседателот на NAIM.