Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот за книга 2021.
Саемот на книга ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено – А1 Арена СЦ Борис Трајковски каде љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.
Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саeмот на книга 2021 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста и оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.
Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот. Истите ќе бидат пушетни во продажба непосрено пред почетокот на Саемот на книга 2021!
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје