Нападот на „Ататурк“ го извршиле лица по потекло од Русија, Узбекистан и од Киргистан

Сподели

8498246046_439899204b_z

Бомбашите самоубијци што завчера при нападот во истанбулскиот аеродром „Ататурк“ усмртија 42 и повредија 239 лица, потекнуваат од Русија, Узбекистан и од Киргистан, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на неименуван турски претставник.

Полицијата претходно соопшти дека во полициски рации на 16 локации во Истанбул и во Измир, уапсила 13 лица поврзани со нападот, од кои тројца биле странски државјани. Уапсените се осомничени за потпомагање на џихадистичката организација Исламска држава.

meta.mk