Народен правобранител: Увид во затворот Идризово по проблемите со гласањето

Сподели

Се затворија избирачките кутии во затворите, кај раселените и болните и изнемоштените. Од ДИК велат дека тие не нотирале инциденти при гласањето, но она што го одбележа текот на гласањето е што 400 затвореници не можеа да гласаат бидејќи ги немало во Избирачкиот список, пренесе 24 Вести.

Надлежните потврдија проблеми, а велат списокот ќе го усогласуваат од понеделник.
Увид во затворот Идризово направија и од канцеларијата на народниот правибранител – констатирал дека половина од затворениците не глaсале.

Велат дека причината за тоа што ги немало во избирачкиот список е последица на фактот што дел од затворениците немале валидни документи за индентификација. Од народниот правобранител алармираат дека ова е случај што се повторува.