Насилници во автобус на ЈСП им се закануваат на патниците откако биле предупредени да ги стават маските преку носот и устата.
Насилниците се закануваат дека ќе сечат глави и ќе ги фрлаат во киселина.
Ова се гледа на видеото што е споделено преку социјалните мрежи.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021