Уличните живи статуи на Театроск, како заокружница за овогодинешната европска турнеја која ова лето ја имаа во повеќе држави, за крај на летната сезона ќе ги украсат улиците на центарот на Скопје и тоа, овој пат, токму под името ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ.
На 1 и 2 септемвеи од 19 – 21:30ч. на ул. Македонија, со неколку актови артистите – улични живи статуи ќе ја разиграат најпрометната центарска пешачка зона и на посетителите на центарот на градот ќе им ја раскажат приказната за ЦЕНТАРСКИТЕ УЛИЦИ и живите статуи на нив.
Проектот е поддржан од Општина Центар