НАСТАВНО-НАУЧНИОТ СОВЕТ НА ФДУ НЕ ГИ ПРИФАЌА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СТУДЕНТСКИТЕ ИЗБОРИ

Сподели

13569941_1345658108781793_1405216977_o-702x336

Наставно-научниот и уметнички совет на Факултетот за драмски уметности, каде членови се и тројца студенти од Независниот студентски парламент СПФДУ, не ги прифаќа резултатите од студентските избори што се одржаа на 30 јуни. Тие посочуваат дека ги поддржуваат заложбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за институционално справување со состојбите и бараат задолжително да бидат земени во предвид нивните заклучоци:

„1.Најостро го осудуваме скандалозниот начин на кој беа организирани и спроведени изборите за претседател на СПУКМ, спротивно на сите процедури, норми и критериуми за одржување фер и демократски избори. Оттаму, ННУС на ФДУ Скопје не ги прифаќа резултатите од вака спроведените избори;

2.Согласно горенаведеното, учеството на претставниците на постоечкиот Студентски парламент во понатамошната работа и одлучување во телата и органите на УКИМ за нас е недозволиво. Затоа, од раководните лица и органи на УКИМ бараме:

Суспендирање на учеството и одлучувањето на претставниците на СПУКМ во соодветните тела и органи на УКИМ, сè додека не се извршат статутарни измени што ќе овозможат одржување регуларни избори за студентски претставници;

Да се стопира финансирањето на СПУКМ до разрешувањето на настанатата ситуација;

3.Бараме да се лоцира одговорноста за присуството на надворешни лица на територијата на УКИМ кои употребија насилство врз студентите на УКИМ. Инстистираме на правна одговорност на оние кои наредија вмешување на Специјалните полициски единици на МВР на РМ и употреба на прекумерна сила врз студентите на УКИМ“, се наведува во заклучоците на Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ .

Како што во меѓувреме објавија од Студентски пленум, и Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет изгласал дека не ги призна резултатите од изборите за претседател на СПУКМ.

radiomof.mk