НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА: „И мажите можат“

Сподели

„И мажите можат“, 16.септември, Јавна соба

Саемот за мажи „И мажите можат“ е национална кампања која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Овој јавен настан ќе се одржи на 16-ти септември во „Јавна соба“ со почеток во 12 часот. На јавниот настан предвидено е да се одржат три работилници за градење вештини („Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“), во кој учество можат да земат мажи и момчиња. Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, за што дополнително ќе бидат споделени информации со јавностa.

За секоја работилница ќе бидат избрани 5-мина учесници.
Пријавувањето е преку пополнување на податоци, најдоцна до 14-ти септември.
Избраните учесници ќе бидат контактирани од страна на организаторот на 15-ти септември, и замолени да го потврдат своето учество. Повеќе информации околу работилниците и начинот на пријавување можете да најдете подолу. 

„И мажите можат“ е национална кампања која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Кампањата е насочена кон испраќање пораки до заедниците и медиумите и организирање на обуки и настани кои се однесуваат на вклучување на татковците и градењето на нивните вештини за грижа за децата и грижа во домот.