Национална тркалезна маса: „Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал“

Сподели

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје во ЕУ ИнфоЦентар ќе организира еднодневна панел-дискусија во Скопје на која ќе стане збор за хомофобијата во фудбалот.

Националната тркалезна маса ќе собере на едно место претставници на интернационални и национални спортски организации, вклучително ФАРЕ и УЕФА, како и претставници на Владата на РМ, Собранието на РМ, НВО-и, активисти за ЛГБТ+ права, фудбалски клубови, тренери, судии, професионални спортисти и други профили.

На конференцијата ќе учествуваат – Чарлс Гарет, британски амбасадор во Македонија
– Зоран Шишковски, раководител на Одделението за спорт, Град Скопје
– Петар Стојковиќ, претставник од организацијата-домаќин, Здружение за
културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, како и – Чарлс Гарет, британски амбасадор во Македонија
– Зоран Шишковски, раководител на Одделението за спорт, Град Скопје
– Петар Стојковиќ, претставник од организацијата-домаќин, Здружение за
културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, како и Луис Енглфилд, Патрик Гасер, Ирена Цветковиќ, Златко Андоновски, Златко Андоновски, Маја Морачанин. Модератор на конференцијата е Луис Енглфилд, претставничка од Мрежата ФАРЕ.