НБРМ: Одземена дозволата за работа на штедилницата „МАК БС“

Сподели

Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 30679 од 3 октомври 2017 година, на Штедилница „МАК БС“ ДОО Скопје ѝ е одземена дозволата за основање и работење заради нејзина преобразба во финансиско друштво.

„Врз основа на издадена дозвола од страна на Министерството за финансии, овој субјект ќе продолжи да работи со назив „ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС“ ДОО Скопје“, соопшти Народната банка.

Станува збор за субјект кој е во сопственост на семејството на поранешниот министер за финансии Борис Стојменов, а според сајтот на штедилницата престедател на Надзорниот одбор е Марјан Стојменов.
Интересно е дека во минатото, оваа штедилница имаше амбиции да стане банка, но никогаш не доби дозвола за тоа од Народната банка.