Овен
Довербата и стабилноста во заедничките односи ќе ви станат исклучително важни во љубовниот живот. Својата силна љубов ќе ја упатите кон партнерот, кој ќе биде пријатно изненаден. Тие кои се сеуште се сами, ќе бараат сериозна љубов, верувувајќи дека тоа е возможно веднаш. Ја најдовте златната средина помеѓу работата и задоволството. Многу овнови во текот на неделава ќе се спремаат за пат. Доколку тоа не го реализирате, ви претстојат контакти со фирми од странство, Исклучителен комуникативен и успешен период е пред вас. Постои шанса да добиете јавно признание.
Бик
Каде и да одите, ќе забележите дека многумина ве гледаат пријателски. Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па овие денови можете лесно да најдете друштво. Ако сет се уште сами, не седете дома. Тие кои се во врска, ќе бидат скромни во очекувањата, но затоа задоволни. Силата и сигурноста со која зрачите, ќе ви овозможат да влијаете на другите. Ако некого треба да го придобиете, сигурно дека ќе успеете во тоа и над вашите очекувања. Покажете што знаете и не застанувајте додека не ја постигнете целта.
Близнаци
Повеќемина од вас ќе сакаат да бидат осамени во својот свет на фантазијата. Тие кои се уште се сами ќе сонуваат на јаве и немамногу да се ангажираат во реалноста. Ти кои се во црска ќе уживаат во друштво со саканата личност. Што и да се најде на дневниот ред, вие ќе еглавниот координатор на работата или дипломат кој со својата вештина на коминикација, работите ќе ги упати таму каде што треба. Вашата работа ќе биде забележана, затоа внимавајте што правите.
Рак
Ако сте се уште сами и барате љубов, ќе почекате некое време. Ова се денови кога некои од вас ќе се сеќаваат на некои стари љубови и поранешни сеќавања, потсетувајќи се на својата сакана личност. Нема да ви биде досадно, но ни сензационално. Тие кои бараат работа, би можеле да бидат повикани на разговор кој ветува. Не е исклучено да ја добиете работата. Тие кои работат, ќе ги покажат своите емоции на работното место или во секоја работа вистински ќе уживаат. Ќе бидте задоволни.
Лав
Се повеќе се занимавате со својот приватен живот и копнеете за љубов. Мали недоразбирања или грешки во чекори, ќе бидат од минлив карактер. Сепак, работите ќе тргнат во ваша корист ако се потрудите да излезете надвор и побарате друштво. Можноста креативно да се изразите, ќе биде најдобриот дел од работата оваа недела. Се останато ќе биде врзано со стресови или мали борби во кои одите до крај. Работите ќе успеете да ги ставите во ред, но затоа ќе бидете многу изморени.
Девица
Многу љубовни прилики ќе се нижат во вашиот приватен живот, така да, понекогаш нема да знаете што да одберете. Посветете се на личноста која ја сакате, па ќе знаете исправно да се поставите кон се и секого. Ќе се трудите да се најдете на повеќе работни места одеднаш, се со цел повеќе да заработите. Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе ви донесе и одредена радост затоа што нема да ви биде досадно. Сепак важно е да ја штедите силата, бидејќи ке ви недостасува енергија.
Вага
Тие кои се се уште сами, ќе се двоумат да излезат надвор или да останат дома каде ќе се чувствуваат заштитено и добро. Но ако излезат меѓу луѓето, постои можност таму да се чувствуваат подобро. Затоа би било штета да испуштат приликата за ново познанство. Веројатно, ќе ви помогнат комуникативни и отворени луѓе кои ќе го забележат вашиот труд. Ќе ви биде драго, иако ќе чувствувате благи последици од стресовите. Сега можете да работите полесно и без притисок. Бидете блиску до тие кои ве подржуваат.
Скорпија
Некому му успева на голема врата да влезе во вашата најдлабока интимност. Заради тоа ќе решите да инвестирате во иднината. Доколку сте слободни, внимателно! Треба да донесете некои важни одлуки. Завршувате важен деловен проект, што ве прави задоволни. Јавното ризнание ве инспирира да започнете нешто ново. Добра заработувачка е пред вас.
Стрелец
Стравот од љубовта и страв од промени. Полесно ви да правите пазар, отколку да се фрлите во прегратка на саканото лице. Инертни сте и недоволно активни на емотивен план. Не можете да се пожалите на работата ниту пак на заработувачката. Се се одвива на одличен начин, над вашите очекувања. Доколку дојде до проблеми, тоа е заради вашата брзоплетост. Здравјето е релативно добро, внимавајте на килограмите. Зголемениот апетит има своја цена – холестерол и триглицериди.
Јарец
Уживате во многу убави моменти, ако не во прегратката на саканата личност , тогаш во креативната работа. Бидејќи по природа сте практични, обидете се овие сегменти да ги обединете. Ако знаете дека убавината е во малите работи, тогаш сте на прав пат. Се наоѓате во ситуација кога практичноста ви е најпотребна. Бидете упорни но и одмерени. затоа што само така ќе ги реализирате добрите резултати. Здравјето ви е подобрено. Хормонскиот дебалнс е од минлив карактер. Сексот е вистински начин да воспоставите рамнотежа.
Водолија
Уживате во прегратките на саканата личност. Обидете се помалку да зборувате а повеќе да работите на односот, затоа што во спротивно, можете да го пропуштите убавиот емотивен период во кој моментално се наоѓате. Креативната фантазија ви помага да постигнете добри резултати. Морате да се изборите со главниот непријател – суетата, доколку сакате успехот да биде комплетен.
Риби
Доколку не сте во врска, тоа нема многу да ви пречи, задоволни сте самите со себе. Но доколку сте, немојте да ги расипете убавите моменти заради глупости. Не сте задоволни со работата или со начинот на кој работите. Мислите дека можете повеќе и подобро. Соработниците прават се, да го покажат спротивното. Се нервирате. Само директна акција ве води кон успехот.