Денот го започнуваме со уште едно подпросечно студено утро со утрински температури кои се пониски од просечните за овој период од годината. Насекаде во Македонија имаме претежно облачно и студено време, а слаб снег провејува во западните, југозападните и јужните предели од државата.
МАКЕДОНИЈА – По неколкудневна пауза денес ни се враќаат врнежите. Облачно време со врнежи од снег, додека во јужните и југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд. Се работи за врнежи со слаб интензитет кои што нема да формираат нова снежна покривка повисока од 5 сантиметри, додека поинтензивни врнежи се очекуваат на планинските превои и на планините каде може да наврнат и над 20 цм нов снег. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8 до 2 степен, додека пак максималните дневни ќе бележат благо опаѓање и ќе се движат од -3 до 6 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно облачно време со слаби врнежи од снег, ветровито и студено. Слаб источен и југоисточен ветер. Утринската температура од -4 степени, додека пак максималната до 2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА –Во втроник и среда облачно со врнежи од дожд и снег, во јужните и југоисточните предели само од дожд, додека пак над 400 метри надморска висина врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури од -2 до 7 односно од -3 до 6 степени. Во четврток облачно со врнежи од снег, врнежите од дожд и снег ќе бидат во јужните и југоисточните предели. Температурите ќе бидат во опаѓање па дневните ќе се движат од -4 до 5 степени. Во петок во утринските часови постудено време и појава на слаба магла, а во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и студено време. Утринските температури од -10 до -2 степени, додека пак максималните дневни од -5 до 4 степени.