„Некој ме гледа романтично“ – љубовен концерт на Филхармонијата

Сподели

„Некој ме гледа романтично“ е наречен традиционалниот љубовен концерт што ќе се одржи в четврток во Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

На програмата се „Балет за Марта“ од балетот „Пролет на Апалачите“ од Арон Копланд,  Три танцови епизоди од балетот „Од градот“ од Леонард Бернштајн и арии од љубовната опера „Порги и Бес“ за сопран, баритон, хор и оркестар од Џорџ Гершвин.

Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а како солисти ќе настапат сопранистката Бети Гарсес (Колумбија) и бас баритонот Кевин Шорт (САД). Ќе настапи и хорот „Про Арс“ кој го подготви маестро Сашо Татарчевски.