Нема да има прегласување за првиот круг од локалните

Сподели

Управниот суд одлучи. а ДИК потврди дека прегласување по однопс на приговорите од првиот круг нема да има во ниту едно избиорачко место. Единствената тужба пак која на ВМРО ДПМНЕ ја уважи Управниот суд се однесуваше на избирачкото место 2461 Сарај но по односд на овој приговор ДИК имаше направено грешка, бидејќи приговорот се однесувал на Совет на општина а комисијата го разгледувала како приговор за градоначалник.

Во објаснувањето од Управниот суд пак се наведува дека броењето на гласовите во тоа место било направено согласно прописите. Согласно објавените одлуки на Управниот суд на нивната страна, од ДИК велат дека во вториот круг ќе се гласа на 1517 избирачки места во 35 општини. Но за да ги потврдат резултатите велат ќе мора да причекаат и официјално судот да достави извештај и до ДИК.

„По одлуките на Управен суд во однос на преговорите по решенијата на ДИК се објавени на веб страната на Управен суд меѓутоа до пред закажување на седницата се уште официјално не беа доставени до ДИК, а ние сме странка во таа постапка и треба да бидат доставении и затоа, иако планирав, не е ставена оваа точка на дневен ред“, вели Александар Чичаковски – Претседател на ДИК.

Со одлуката на Управниот суд гласовите од првиот круг на локалните избори стануваат конечни секаде вклучително и во општините за кои стигнаа приговори како Скопје, Радовиш, Прилеп а конечни се и во Сарај и Гостивар со тоа што таму секако ќе има и втор круг гласање. Втор круг гласање ќе има и во 6 те скопски општини Чаир, Сарај, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари. Вториот круг од локаните избори ќе се одржи на 29 октомври со посредство на странски и домашни набљудувачи. Вообичаено ден пред изборите гласаат затворениците, внатрешно раселените и болните и изнемоштени лица.