Нема да пораснат платите на функционерите, СДСМ ќе поднесе законски измени

Сподели

 

„Сакам да посочам дека најдовме и уставно издржано решение со кое нема да пораснат и платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери, со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски воедно посочи дека покрај тоа што функционерските плати нема да пораснат, платите на граѓаните ќе продолжат да растат како и досега бидејќи СДСМ го цени трудот на работникот, а грижата за сите е темелот на социјалдемократските политики.

„Денес, парите се насочени кон граѓаните, за да има повеќе за сите. Шест години обезбедуваме подобар европски стандард, подобри услови за стопанството, раст на економијата, иако од тие 6 години, 4 години беа навистина кризни години на здравствена, енергетска и економска криза. Одговорно менаџираме со парите на граѓаните, за да можат платите на граѓаните секојдневно да растат. Ова е моделот по кој ќе работиме и во вториот мандат“ рече Ковачевски во изјавата за медиумите.