Несторовска е нов државен секретар во МВР

Сподели

Магдалена Несторовска е новиот државен секретар во Министерството за внатрешни работи. Оваа одлука ја донесе владата на попладневната седница, на чиј дневен ред се и кадровските решенија за високите позиции за министерството со кое раководи Оливер Спасовски.

Несторовска беше шеф на кабинетот на Оливер Спасовски додека тој беше технички министер во МВР, претходно работеше како советник во Министерството за одбрана, а беше и советник во општина Карпош.