Нетанјаху 3 часа испитуван од полицијата поради сомнеж за корупција

Сподели

ЕРУСАЛИМ (АА) – Синоќа во домот на Нетанјаху во западен Ерусалим дошла полицијата за распит во врска со обвинувањата дека примил мито. Израелскиот премиер три часа бил испитуван од страна на единицата „Лахав 433“, од одделот за борба против корупцијата, дел од израелската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од прес-центарот на израелската полиција, објавено во весникот Једиот Ахронот се вели: „Поради сомневање дека примил подароци од бизнисмените, израелската полиција го испита осомничениот премиер Бенјамин Нетанјаху. Испитувањето беше споведено во неговиот дом во Ерусалим и траеше 3 часа. Во оваа фаза од истрагата не сме во можност да дадеме повеќе информации“.

– Истрагата се темели на изјавата на американски бизнисмен –

Весникот „Хаарец“ пишува дека полицијата започнала истрага против израелскиот премиер поради сомневање дека Нетанјаху примил мито во вредност од стотици илјади шекели (1 долар = 3,85 шекел), откако собрала доволно докази, а испитувањето се темели на изјавата на американскиот бизнисмен Роналд Лаудер. Бизнисменот Лаудер признал дека на Нетанјаху му подарил костум и ги покрил трошоците за патувањето во странство на синот на Нетанјаху. Полицијата се сомнева дека Лаудер на обвинетиот му дал и други подароци, покрај она што го кажал.

Од друга страна, израелските медиуми ја пренесоа изјавата на Нетанјаху дадена пред неговото испитување од страна на полицијата. „Слушам дека во печатот и на телевизиските канали што се под закрила на опозицијата се објавуваат вести во кои се слави. Пред да славите, почекајте малку. Полицијата со испитувањето нема да постигне никаков резултат. Вие продолжете со вашите обвинувања, а ние ќе продолжиме со управување на Израел“, изјави премиерот на Израел, Нетанјаху.