Клуб на новинари, „Ние сме медиумите“ , 18.декември во 13.00 часот
„Ние сме медиумите“ е мултимедијален настан на кој ЦИВИЛ заедно со граѓанските новинар(к)и од целата земја ќе промовира публикација посветена на граѓанското новинарство на 18 декември 2017, во 13 часот во Клубот на новинари.
Публикацијата е дел од проектот Граѓански објектив посветен на граѓанките и граѓаните во потрага по фактите, нецензурирани од политичките и финансиските центри на моќ. Преку граѓанските новинарки и новинари овој проект веќе трета година успешно придонесува кон транспарентни и одговорни политички процеси.
Публикацијата „Ние сме медиумите“ содржи преглед на сите искуства, извештаи за автори, чии објавени трудови на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа извршиле промени во општес…твото изминатата година. Публикацијата е објавена на македонски, албански и англиски јазик.
На презентацијата ќе биде отворена и изложба со фотографии за граѓанското новинарство, како и проекција на видео сториите. Примероци од публикацијата и ДВД-то ќе бидат достапни бесплатно.
Поканети се сите добитници на награди, предавачи на семинарите за обука, медиумите, претставници за граѓанските организации и сите општествено свесни граѓанки и граѓани.