Нико Беќаровски: БЕЛО си е БЕЛО, А ЦРНОТО ЌУМУР

Сподели

 

Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија своите доживувања за време на вечерните дежурства ги опиша на неговиот фејсбук-профил. 

“Ако злоупотребата на Кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму.
 
Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра.
 
Грам КОКА зависно од квалитетот е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар.
 
По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите”, напиша д-р Беќаровски на својот ФБ профил.