Никола Димитров стана член на ЕЦФР, водечка меѓународната тинк-тенк организација

Сподели

 

На покана на ко-претседавачите на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), вицепремиерот Никола Димитров стана официјален член на ЕЦФР, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика, информираат од Владата.

По тој повод, Димитров денеска се сретна со заменик-директорката на ЕЦФР, Весела Чернева, со која разговараа за неговата улога како член во Советот и можностите за соработка, при што изјави дека е привилегија да соработува со ЕЦФР и со членовите на Советот, ценети мислители и креатори на глобални одлуки насочени кон подобра, посигурна и побезбедна Европа.

ЕЦФР обединува истакнати високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во пан-европската заедница посветена на развивање политики за стабилност и сигурност на Европа. Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд–поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ООН и ЕУ, Лик Фрајс–директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген–германски пратеник, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.