Никола Ѓуричко со ново Стендап шоу во Филхармонија

Сподели

 

Фестивалот „Таксират“ во соработка со „Скопје Комеди“ го најавува новото шоу на популарниот холивудски актер, овој пат во улога на стенд-ап комичар – Никола Ѓуричко во Скопје! На 7 март во Филхармонија, Никола ќе настапи со својот нов стенд-ап материјал со наслов „SHOWBIZ“ (Шоубиз). По пауза од три години, 2023 тој ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени шоуа низ Балканот и Европа, а на мапата дојде на ред и Скопје! Новиот материјал на Ѓуричко вклучува анегдоти и поуки од неговиот живот како холивудски актер и занимливости од неговиот приватен живот со неговото семејство, кои – за среќа – ги има многу!

 

Никола Ѓуричко е српски актер, роден во Белград во 1974 година. Подеднакво е активен и на филм, телевизија и театар, а првата позначајна улога ја добива во 1989 година во култниот филм „Последниот Круг во Монца“. Во својата кариера пред заминувањето во Холивуд, тој се запишува како актер во повеќе од 60 театарски претстави, а го знаеме и од филмовите: „Муње“, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум ипол“, „Монтевидео, Бог те видео“ и многу други.

Има освојувано многу награди во текот на својата исклучително богата актерска кариера. Од неодамна со своето семејство живее во Лос Анџелес (С.А.Д.), каде за кратко време успева да го освои и Холивуд во улогата на Јури Исмајлов во глобалната хит-серија на „Нетфликс“: „Stranger Things“ (Почудни нешта) во која покрај него глумат и големите холивудски ѕвезди Винона Рајдер и Дејвид Харбур. Факт: Навистина обожава крцкав путер од кикирики (и цени кеш).

Не ја пропуштајте оваа шанса да ја поминете вечерта со легендарниот актер и заедно да се насмееме на неговиот нов материјал. Ѓуричко, не мора ни да кажува шали, веќе е смешен!

Билетите за шоуто се веќе достапни за купување онлајн и на благајните на „МкТикетс“ низ Македонија.