Николоски: Ова што денес се случуваше во Собранието е се само не е демократија

Сподели

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите за киднапирање на пратеникот Кастриот Реџепи изјави дека неговата пратеничка група пријави во полиција и очекува полицијата да се произнесе,  а за сето она што денес се случуваше во Собранието кажа дека е се само не демократија.

„Пријави неговата пратеничка група во полицијата, очекуваме полицијата да се произнесе, но не сме сигурно во она што го кажуваше пратеникот, многу е сомнително доколку навистина пратеникот имаше став дека владата треба да остане ќе беше најлогично да дојде во Собранието и да гласа за владата да остане. Пратениците може да гласаат владата да си оди или владата да остане, но да се крие цел ден, да не може никој од неговото семејство да го добие, да му бидат исклучени телефоните, па мистично да се појави статус на фејсбук, па откако целата држава почна да зборува мистично да се појави некое видео каде што позади има бел ѕид, човекот е блед и  изгледа како што изгледа, видовте сите, е се само не демократија“, нагласи Николоски.