Николовски: Власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството. Точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, затоа што вчера и завчера Заев не знаеше дека не може биде и Премиер и министер за финансии, па не знаеше како да излезе од целата таа ситуација во којашто сака директно да ја контролира државната каса за да може акцијата „евро за евро“ да продолжи да функционира во оваа држава. 751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат недолжните службенички кои што ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа.

Внимавајте ова е случај во кој што нема како што утрово беше најавувано криминал, корупција, ниту кај било кој од оние кои што се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или против правна-имотна корист.

 

https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/423179211608878/