Нимиц: Нема преговори додека Македонија не избере стабилна влада

Сподели

metju-nimic

Медијаторот за спорот со името со Грција, Метју Нимиц изјави дека преговорите не се можни се додека во Македонија не се постави фер и демократски избрана влада.

– Верувам дека политичките лидери во Македонија треба да го постават националниот интерес на прво место, над традиционалните политики, и да земат предвид што е најдобро за народот – изјавил Нимиц, за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Според Нимиц, излезот од кризата е возможен само преку веродостојни парламентарни избори, согласно Договорот од Пржино.

– Навистина се надевам дека наскоро ќе се разреши моменталната политичка безизлезност и верувам дека тоа ќе може да се стори само преку парламентарни избори кои ги исполнуваат критериумите од Договорот од Пржино. Откако ќе се постави демократски избрана влада, ве уверувам дека највисок приоритет во име на Обединетите Нации ќе ми биде повторно сериозно вклучување на меѓународните страни за да се реши прашањето за името – вели медијаторот Метју Нимиц.

Нимиц: Нема преговори додека Македонија не избере стабилна влада