Нина лице со Даунов синдром ќе биде времено вработена во владината библиотека

Сподели

Премиерот Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, лице со Даунов синдром, која ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во владината библиотека, соопштија од Владата на РМ. Костовска јавноста ја запозна преку видео кампањата „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?

За време на средбата со премиерот, таа зборувала за својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала. Нина Костовска дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.

Нина Костовска е едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, за кампањата „See the ability not the disability”. Неодамна беше дел од настанот „iFail“, а нејзинi изјави се најдоа во еден од последните подкасти на Радио МОФ, насловен: И успешните грешат: