Дом на АРМ, 06.ноември
“Hershkovits is a genuine prodigy – still only in his mid-20s but already playing with relaxed authority.”
– The New York Times
Израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, познат по својата виртуозна инструментална техника и фасцинантно длабока емоција, по настапот на Сараевскиот џез-фестивал, ексклузивно ќе допатува во Скопје, каде што ќе одржи солистички концерт. Хершковиц како најпрефинет соработник, четири години настапуваше со врвниот басист Авишаи Коен, со кого сними три албуми, а изминатава година успешно ја гради својата солистичка кариера. Неговиот прв самостоен албум „ I Asked You a Question “ e еклектичен, посебен и автентичен спој на импровизациии и сопствени авторски композиции, кои продолжуваат да ја воодушевуваат публиката и критиката. Францускиот Jazz Magazine го нарекува “откритие”, додека британскиот UK Vibes го опишува како “восхитувачки промислена колекција на песни, освежувачки и поинаков во однос на многу актуелни издаднија на музичкиот пазар”.
Билетите во строго ограничен број, а истите можат да се набават во Чув Де Чув, и продажната мрежа на “Купи Карти За Се”
Цена: 400 денари