НОБ: „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ – балетска претстава

Сподели

 

Национална опера и балет, КАРМЕН – Жорж Бизе, Родион Шчедрин
ВАЛПУРГИСКА НОЌ – Шарл Гуно , 18.јануари

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Габор Кевехази (Унгарија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Васил Чичијашвили(Грузија), Горан Божинов, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска
Концерт мајстор:
Дизајн: Емил Петров

 

Настапуваат:
„КАРМЕН“
Кармен: Мими Поп Алексова Атанасовска
Дон Хозе: Балаж Лашеи(Унгарија)
Ескамиљо: Мирослав Митрашиновиќ
Цунига: Игор Веланоски
3 жени-бикови: Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов

„Валпургиска ноќ “
Ваханалка: Марија Кичевска Шокаровска
Нимфа I: Саша Евтимова
Нимфа II: Ивана Коцевска
Тројка – варијација: Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук
Мажи во црно: Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо

За „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“…
Сон на секој кореограф е да ги постави на сцена „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, бидејќи тие се две прекрасни дела, од двајца музички великани, Жорж Бизе и Шарл Гуно. Кога уметничкиот раководител на балетот на НОБ, Олга Панго, ми понуди заедничка соработка за овие две дела, без размислување прифатив и веднаш започнав со подготовка на кореографијата. Оваа задача бараше од мене посебна инспирација, бидејќи за овие две дела има постоечка кореографија од светски познати кореографи, како што се: Алберто Алонсо, Баланшин, Матс Ек и др. Кога започнав со работа на кореографијата, сфатив дека дури и не го познавам доволно балетскиот ансамбл на НОБ, а мојата креативност секогаш е подобра, кога правам кореографија според балетски играчи, кои лично ги познавам. Затоа, многу се подготвував дома, само јас и музиката. И од таму, кога почнав со работа со балетот во Скопје, точно знаев што сакам да направам. Комбинирајќи различни стилови на движења, сакам да презентирам чиста, неокласична, сложена технички и возбудлива кореографија за македонската публика. Би сакал да истакнам, дека добив огромна поддршка од прекрасниот балетски ансамбл Националната опера и балет.

***

На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.