Комисијата за заразни болести усвои нов протокол за ослободување од изолација на пациенти дијагностицирани со ковид-19 вирусот, при што повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања.
Согласно новиот протокол, матичниот лекар генерира извештај за завршување на изолација за:
Асимптоматските пациенти на 10-иот ден од позитивниот тест
За пациентите со симптоми на 20-иот ден од позитивниот тест
Новиот протокол се темели на анализата на МАНУ на повеќе од 10.000 тестирања, а на препорака на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести.
Според анализите, кај пациенти кај коишто е дијагностициран коронавирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, повеќе не е присутен виабилен (репликативно компетентен вирус) којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.