Нов закон за обезбедување високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи усогласен со ЕУ стандарди

Сподели

Македонија ќе донесе нов закон за обезбедување високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи кој ќе биде усогласен со ЕУ стандардите.

Министерствата за информатичко општество и администрација, за одбрана и за внатрешни работи проценка на зрелоста на капцитетите за сајбер безбедност во државата со поддршка на Светска банка прават и експерти од Глобалниот центар за капацитети во областа на информатичката безбедност на Универзитетот Оксфорд. Во извештај што ќе биде подготвен ќе дадат препораки за подобрување на капацитетите во областа на информатичката безбедност, во насока на добивање отпорен и иновативен сајбер простор во Македонија.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека Владата е свесна дека прашањето на сајбер безбедноста не треба да го разгледуива како секторско прашање и се залага за соработка на сите институции, приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор за зајакнувње на сајбер безбедноста во Република Македонија.

– Успешните сајбер напади стануваат се почести и поопасни, а напаѓачите се се порешителни и пософистицирани. Поминаа деновите кога сајбер безбедноста се третираше како ИТ проблем, а заштитата на податоците се ставаше на последно место, истакна Манчевски и најави дека во насока на обезбедување високо ниво на безбедност на мрежите и информациските системи ќе биде донесен нов закон за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежите и информациските системи и промена на одредени постојни закони.

Марко Мантованели, директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, ја поздрави иницијативата на Македонија за подигнување на свеста и значењето на сајбер безбедноста.

Додавајќи дека ИКТ се многу значајни во постигнување на економски раст истакна дека Светската банка инвестира во повеќе од 1000 проекти во над 110 земји во делот на информатичката технологија.

– Заканите по информатичката безбедност може да ги поткопаат придобивките од ИКТ и затоа за целосно да ги добиеме придобивките од ИКТ важно е да се разберат ризиците, како и начините на кои треба да се ублажат, изјави Мантованели.

Македонија се приклучува со ова партнерство со Светска банка на други 60 земји кои го поминале овој процес.

МИА