Економистот Фил Боркин за Радио Нов Зеланд изјави дека Нов Зеланд станал пожелна земја за живот и дека позитивната економија придонела и за поголемиот број бегалци во оваа земја
МЕЛБУРН (АА) – Од почетокот на годината на Нов Зеланд се доселија најмалку 68,400 бегалци, објави Заводот за статистика на Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од СНЗ се наведува дека од почетокот на годината па до 31-ви мај на Нов Зеланд стигнале 68.400 бегалци.
Економистот Фил Боркин за Радио Нов Зеланд изјави дека Нов Зеланд станал пожелна земја за живот и дека позитивната економија придонела и за поголемиот број бегалци во оваа земја.
Инаку, БДП на Нов Зеланд по глава на жител изнесува 36.000 долари, а процентот на невработеност во земјата со 4,7 милиони жители, изнесува 5,7 отсто.
Најголемиот број на доселеници на Нов Зеланд е од Индија, потоа од Кина и Филипините.
AA.COM.TR