Нов послаб земјотрес, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер, утринава ја погоди околината на гратчето Аматриче во централна Италија, како последица од тој пред два дена, којшто причини смрт на 241 лице во целиот тој регион, а 365 се повредени.
Италијанскиот национален геолошки институт пак, наведува дека интензитетот на последниот потрес била 4,8 степени. Бил регистриран во 6:30 часот по локално време, а на него му претходеле десетици послаби потреси.
Овие два дена, по силниот земјотрес во средата, Институтот соопшти за вкупно 500 вторични потреси.
Централниот дел на Италија во средата го погоди силен земјотрес, во кој загинаа најмалку 250 лица. Во изминатите два дена во таа зона се регистрирани повеќе од 500 земјотреси, од кои некои биле со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала.