Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино.
Согласно својата програма за работа, обезбеден е бесплатен безжичен интернет на патеката во целосната нејзина должина.
Определбата на Општина Илинден е да им овозможи бесплатни услуги на своите граѓани неопходни во секојдневното функционирање за лична употреба.
Претходно, Општина Илинден овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино.
Општина Илинден најавува дека во следниот период ќе овозможи нови бесплатни интернет зони и на други на локации на територијата во општината.