Нова операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија по светски стандарди

Сподели

 

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, пуштена е во употреба новата операциона сала, изградена по светски стандарди, по најсовремени технолошки достигнувања.

“Салата ќе биде опремена со најсовремени апарати и ќе се зголеми бројот и квалитетот на здравствените услуги кои Клиниката ги дава на пациентите. Оваа операциона сала е прва од ваков тип во државата, но и во регионот. Ги подобруваме условите во јавно-здравствените установи, водиме вистинска грижа за нашите пациенти. Во изминатиот период, ги подобривме условите во повеќе од 15 здравствени установи” – изјави премиерот Спасовски, кој присуствуваше на отворањето на хируршката сала.

 

https://www.facebook.com/zdravstvomk/videos/2901284599891760/

 

-„Ќе кажам уште еден куриозитет. Успеавме на оваа Клиника да вратиме еден врвен експерт кој што беше замина и работеше во Обединетите Арапски Емирати и гледајќи ги овие процеси сакаше да се врати назад и да придонесе со својата експертиза за да биде дел повторно од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.