Музеј на Современа Уметност, 22 Јуни
Во 20.00 часот на 22 јуни придружете ни се на отворањето на „Нова религија“, првата изложба на Дејмиен Хрст во Македонија.
Изложбата на еден од најзначајните современи уметници во светот претставува 44 графики и четири скулптури. Делата ги истражуваат вечните теми: живот, религија, смрт и вера. Ова се главни теми на интерес на уметникот, фокусирајќи се на сложените односи помеѓу медицината и религијата, како и помеѓу уметноста и религијата.
Изложбата до сега е прикажана во Лондон, Осло, Москва, Венеција, Софија и Гдањск. Во Скопје, изложбата е по повод 20 годишнината од работењето на Британски совет во Македонија и е резултат на соработката со Галеријата „Пол Столпер“ и НУ Музеј на современата уметност Скопје.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од 22 јуни до 11 август.