Новак ги шокираше сите, нема да го брка првото место на АТП – Дали тоа значи крај на сезоната за него?

Сподели

Следните недели, а можеби и месеци може да поминат без Новак Џоковиќ на терените.

Причината е повеќе од јасна – Америка во моментов е местото каде што Ноле не може да оди (вакцинација), а неговиот план е да не игра други турнири кои се закажани во наредниот период. Поточно Монтреал, Шангај и Париз.

,, Да бидам искрен, се сомневам дека ќе одам да бркам поени – јасен е Џоковиќ.

Следува консултацијата со тимот и конечната одлука:

,, Се уште не сум разговарал за распоредот со Горан Иванишевиќ. Треба да ги чекаме вестите од Америка, дали ќе се случи или не, се зависи од тоа. Тоа може да биде само Лејвер куп и Дејвис куп бидејќи сакам да играм за мојата земја и ќе се обидам да бидам дел од неа. Тоа се големите турнири на кои мислам…“.

Под знак прашалник е и завршниот Мастерс во Торино.

,, Како што разбрав од мојот агент денес, освојувањето на Грен слем е доволно за финалето на АТП ако си во топ 20. Со досегашните освоени бодови верувам дека ќе бидам во топ 20. Претпоставувам дека имам добра шанса веќе да се биде во финалето на АТП. Навистина нема да се стресувам за играње турнири за освојување поени, заврши старо-новиот шампион на Вимблдон.

The post Новак ги шокираше сите, нема да го брка првото место на АТП – Дали тоа значи крај на сезоната за него? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico