Новак Џоковиќ и Рафаел Надал се заинтересирани да станат сопственици на „Тенискиот клубот Марбеља“, кој беше во сопственост на легендарниот Маноло Сантана, јавуваат шпанските медиуми.
Познатиот Сантана почина во декември, па останува прашањето каква е иднината на еден од најпопуларните клубови во Шпанија, откако со децении е едно од најпознатите тениски места во оваа земја.
Според шпанските весници, меѓу најсериозните купувачи се Новак Џоковиќ и Рафаел Надал.
Новак често го користеше овој центар како своја тренинг база, а таму беше и непосредно пред тоа патување во Австралија, кое му донесе многу проблеми.
Во центарот работи и братот на Новак, Марко, па, како што тврдат, Џоковиќ размислува да се пресели во Сиера Бланка и таму да направи уште еден дом.
Од друга страна, познато е дека Рафаел Надал имал посебен однос со Сантана.
Во ноември, Надал веќе ја посети Марбеља и самиот центар и таму презентираше идеи како треба да се изгради ново централно поле.
Надал размислува да ја прошири својата тениска академија која многу успешно функционира во Манакор.
Познато е дека тој досега инвестирал во недвижен имот на југот на Шпанија, особено во Естепона, каде заедно со двајца инвеститори дале средства за изградба на луксузни станови покрај брегот.
Nadal y Djokovic se interesan por la gestión del club de tenis de Manolo Santana https://t.co/UXmjIkwphM
— Noemí Noguerol (@Dama_Cristal) February 8, 2022
The post Новак и Надал водат битка и надвор од терените – И двајцата сакаат да го купат познатиот тениски клуб! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico