Новиот закон ги извади пазарџиите на протест

Сподели

Незадоволните пазарџии излегоа на протест пред Собранието во знак на револт за новиот закон, обврските и зголемените давачки кои им се наложуваат.

Со новиот закон лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.