Новогодишна радост на детската клиника – Дедо Мраз го донесоа пожарникарите, Филипче подели пакетчиња

Сподели

 

Во пресрет на предновогодишните празници утрово, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на еден поинаков начин ги израдуваа децата хоспитализирани  на Универзитетската клиника за детски болести.
 
Точно во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали. Министерот Филипче ги пречека  подароците на терасата на Клиниката и им ги подели на децата.
 
Филипче кој традиционално присуствува на предновогодишниот настан за најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.